(ВИДЕО) Несреќа во Нови Сад: Се урна дел од Железничката станица

 


Натстрешница над влезниот дел на Железничката станица денеска се урна во Нови Сад, а се верува дека има повредени.

Голем број екипи на брза помош, полиција и пожарникари се на терен, пишува Независне.

Според првичните информации до несреќата дошло кога се урнале столбовите што ја потпираат бетонската конструкција на фасадата на железничката станица.

Дел од српските медиуми јавуваат дека станува дел за стариот дел од натсетршницата, кој не бил опфатен со реновирањето.

Во јули заврши реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, односно нејзината централна сала со шалтери.

 

Пред отворањето на брзата пруга од Белград до Нови Сад, делумно беше реновирана железничката зграда на станицата во Нови Сад, кога беше поставен лифт кој ги поврзува холот и пероните на станицата, потсетува „Н1“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

01.11.2024 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега