Издавачките куќи ќе можат да предложат веќе подготвени учебници - новиот Закон објавен на ЕНЕР
На системот ЕНЕР поставен е новиот Закон за учебници. Министерката Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање вели дека новина има во процедурата за конкурирање со учебници и според неа, ќе се надмине проблемот со учебниците кои државата го има во последните неколку години.
-Новината е што овој пат им даваме можност на издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници кои потоа во процедура избор, одобрување од Бирото, рецензии од Националната комисија би биле избрани и обврската за печатање се префрла на издавачките куќи кои со договор ќе бидат обврзани да ги достават учебниците до 1 септември. Тоа е новината. Иако постапките кои се почнати до сега ќе продолжат по старите постапки затоа што обврска ни е да ги завршиме. Според првава година ќе видиме дали повеќето од постапките ќе можат да се префрлат на издавачките куќи, а очекуваме да добиеме подобар квалитет на учебници и поголема ефикасност за да не се доведеме во ситуација на 1 септември да немаме учебници, рече Јаневска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа