Нетанјаху: Израел сака мировни договори со повеќе арапски земји по војната

 

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе постигне мировни договори со повеќе арапски земји по завршувањето на војната против Хамас и Хезболах.

Израелскиот премиер посочи дека во последните денови се прават напори за стабилизирање на овие два фронта.

„Денот кога Хамас нема повеќе да ја контролира Газа, и Хезболах веќе не е на нашата северна граница, е ден од исклучително значење. Сакам да го продолжам процесот кој го водев пред неколку години кога беа потпишани договори Авраам. Така ќе постигнеме мир со уште повеќе арапски држави“, рече Нетанјаху.

28.10.2024 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега