Експлодираше плинска боца во Лесковац: Настрада трудница која минувала покрај локал

 

Една жена е повредена само затоа што случајно одела пред Здружението на бранителите во Лесковац кога во него експлодирала плинска боца.

Парче од стакло ѝ го пресече лицето и итно е пренесена во болница, потврди новинар на самото место.

„Жената се чувствува добро и по укажаната помош, е пуштена дома. Инаку, таа е во рана бременост, па направивме и детаљни прегледи“, вели директорот на лесковачката општа болница, Небојша Димитриевиќ.

Шанкот целосно изгорел, а пожарникарите набрзина успеале да го локализираат пожарот за да не се прошири на другите околни згради.

Инаку, пожарот сè уште се гасне, а улицата во моментот е затворена за сообраќај. Исто така, во овој дел од градот нема струја.

24.10.2024 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега