Во Ирак убиен е главниот командант на Исламска држава
Ирачкиот премиер Мухамед Шиа Ал-Судани денеска соопшти дека главниот командант на терористичката група „Исламска држава“ (ИД) во Ирак е убиен.
Според него, самопрогласениот гувернер на Ирак и уште осум терористи биле убиени за време на антитерористичка операција во планините Хамрин, на североистокот од земјата.
– Нема место за терористите во Ирак, и ние ќе ги прогонуваме до нивните скривалишта и ќе ги елиминираме додека земјата не се исчисти од нив и нивните злосторства, изјави Ал-Судани.
ИД ја презеде контролата врз провинциите Мосул, Салах Ал-Дин и Ал-Анбар, како и делови од Дијала и Киркук во јуни 2014 година. Овие подрачја беа повторно заземени во наредните години. Поранешниот ирачки премиер, Хајдер Ал-Абади, во декември 2017 година прогласи победа над групата.
И покрај тоа што поминаа седум години од протерувањето на ИД од Ирак, групата продолжува со напади во руралните области на неколку провинции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа