Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош

 

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија.

Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга.

Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ.

МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

21.10.2024 - 21:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега