Трагична случка: Ракометарот Вуко Борозан искасапен од кучиња додека ги шетал децата

 


Вардар се најде во неочекуван проблем пред натпреварот со Порто во Европската лига на ЕХФ. Голема е веројатноста тренерот Владо Недановски да го нема на располагање Вуко Борозан.

Црногорскиот бек имал неубава ситуација во неделата. За време на прошетка на неговите деца, Борозан бил нападнат од кучиња и морал да ги одбрани своите деца. Случката ја откри тренерот Недановски на прес-конференцијата пред мечот со Порто.

„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“, откри тренерот на вардарци.

Борозан по случката завршил во болница, повреден и „искасапен“ од кучињата, па морал да добие 14-15 конци.

Недановски откри дека голема е веројатноста Борозан да не настапи во дуелот против Порто.

21.10.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега