Перински: За да се смени градоначалник граѓаните ќе треба да се изјаснат на референдум

 

Отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција за која се избрани од страна на граѓаните би требало да биде преку референдумско изјаснување, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за државната МИА.

„Во суштина, отповикот на градоначалник врз основа на примерите кои пред да започне процесот ги разговаравме со експертскиот тим, би требало да биде преку референдумско изјаснување на оние кои истиот градоначалник го довеле на таа позиција на која што е. Мора да бидеме многу внимателни и сите измени да ги интегрираме согласно Уставот за да немаме после тоа проблеми и аномалии во донесувањето на истото законско решение. Значи, навистина ќе се внимава на секој момент и затоа мислиме дека е најсоодветно оваа промена или оваа адаптација на законот да оди преку референдумско изјаснување на граѓаните од таа општина, во која што треба да се јави оваа можност во иднина“ рече Перински.

18.10.2024 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега