Маглата и понатаму ги „замрзна“ летовите на „Александар Велики“

 

Густата магла и понатаму го отежнува сообраќајот на скопскиот аеродром, па освен двата авиони од Виена на Аустрија ерланс и Луфтханза кои попладнево слетаа, сите останати се откажани или пренасочени кон аеродромот во Софија или во Охрид.

Обезбедена е храна и автобуски превоз за сите патници чии летови се откажани или пренасочени кон други аеродроми.

 „ТАВ“ во моментов активно ја следи состојбата со временските услови и кога ќе се создадат услови за летање, од таму велат дека сообраќајот нормално ќе почне да функционира. 

24.12.2013 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега