Бојан Христовски е нов директор на АНБ

 

Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, неофицијално пренесува Инфомакс, повикувајќи се на сопствени извори.

Според нашите информации Христовски бил назначен за директор на АНБ денеска на седница на Владата на Република Македонија.

Христовски е поранешен контраразузнавач, работел и во МВР, а од партиските функции се уште активна е функцијата претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

16.10.2024 - 19:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега