Познат идентитетот на повредениот во пукањето вечерва во Чаир
35-годишникот со иницијали Е.А. од Скопје е повредениот во вечерашното пукање во скопски Чаир. Согласно информациите на Министерството за внатрешни работи, 35-годишникот бил повреден околу 18 часот попладнево. Имено, додека се движел по улица пеш, му се приближило едно лице кое му пукало во ногата.
Потоа, повредениот бил донесен во Градска општа Болница Св.Наум Охридски од страна на брат му, по што лекарите му пружиле неопходна помош.
Според првичните информации во повредениот е пукано поради должничко-доверителни односи.
„Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата. Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи, соопштија од МВР за Прес 24.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа