Студентите денеска го окупираа законодавниот дом

 

 

Комисијата за одбрана и безбедност денеска беше домаќин на студенти од различни факултети.

Во рамките на студиската посета на Собранието на четвртата НАТО Академија беше отворена дискусија на тема „Улогата на Собранието и соработката со НАТО“.
Претседателот на Комисијата Павле Арсовски ја објасни улогата на Комисијата за одбрана и безбедност во процесот на зачленувањето на земјава во НАТО Алијансата.
Тој потенцираше дека телата кои го опфаќат безбедносно одбранбениот сектор се Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијта за надзор на Агенцијта за национална безбеденост и Агенцијата за разузнавање и Комисијта за надзор за спроведување на мерките за следелње на комуникациите.
Според Арсовски во Комисијата за одбрана и безбедност постои висок степен на соработка и свест, но и разбирање за националните безбедносни прашања, но и дека комисијата дејствува тимски. Тој нагласи дека улогата на Собранието во сораборката со НАТО е многу важна, особено во делот на соработката со Парламентарното собрание на Алијансата бидејќи, бидејќи таа придонесува за разбирање за клучите безбедносни прашања, но и за поголема транспарентност на НАТО политиките.

Арсовски нагласи дека една од првите одлуки од независноста на државата беше Резолуција на Собранието за интегрирање во НАТО и во Европската Унија. Со Договорот од Преспа се стави крај на 27 годишниот спор со Грција околу името, однсоно со неговата промена во Република Северна Македонија, со што беа откочени евроатланските интеграции. Студентите поставија прашања и за наоружувањето во земјите во регионот, за траењето на воениот рок, за сајбер безбедноста и друго.

14.10.2024 - 17:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега