Таравари: Констатирани се низа недостатоци поради кои почина 14-месечното бебе

 


Министерството за здравство донесе заклучоци околу починатото 14-месечно дете. Констатирано е дека на Детската клиника при вториот преглед на 3. октомври, бил нарпавен превид во проценката на хоспитализација на детето, а на Клиниката во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

Ова го изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој денека на прес-конференција кажа дека имало три пропусти.

„Имало системски, технички и пропусти во однос на стручноста. Во системските е утврдено непостоење на препораки или алторитми за триажа на пациенти при прием во Детската клиника. Во „Козле“ во техничките пропусти е утврдено дека имаат потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една во друга установа“, рече Таравари, кој додаде дека извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники, и верува дека ќе бидат преземи сериозни мерки.

14.10.2024 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега