УХМР: Попладне пороен дожд

 

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 25 степени.

УХМР најави дека следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во сабота и понеделник вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.

11.10.2024 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа