Зеленски оптимистичен: Можеме да ја завршиме војната до 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази оптимизам за можноста за завршување на војната во Украина до крајот на 2025 година. На средбата Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, тој истакна дека актуелната ситуација на бојното поле создава поволни услови за преземање на одлучувачки чекори кон мир и трајна стабилност.
Зеленски смета дека поканата за членство во НАТО би била клучен чекор кон постигнување на овој цел, бидејќи би претставувала геополитички пораз за Русија. Тој нагласи дека Украина има право на самоопределување и дека нејзината иднина треба да биде во сојуз со демократските земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа