Заскитан куршум оштетил покрив на летна тараса во Гостивар

 

Заскитан  куршум,вчера околу 22 часот  го пробил покривот од летната тераса на угостителскиот објект „Обама“, на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар.  За среќа во објектото немало никој.

Како што информираат од полицијата   куршумот го оштетил дрвениот дел и церадата, по што завршил на подот. По пријавувањето извршен е увид, и се расветлува кој, од каде и зошто пукал.

Полицијата ги предупредува граѓаните да не користат огнено оружје при веселбите, како и петарди и други пиротехнички средства, огнометии сл.

- На тој начин не само што ќе го нарушат јавниот ред и мир, туку можат да предизвикаат и други, посериозни несакани последици, но и ќе се соочат со соодветни поднесоци. Казните за ваквите прекршоци или кривични дела, зависно од последиците и вкупните околности се мошне ригорозни. Затоа на граѓаните им се советува достојно и безбедно да прославуваат, без пукање и други видови нарушувања на јавниот ред и мир, вели Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.

 

24.12.2013 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега