Мицкоски му понуди помош на Ахмети: Куќите во Зајас зеат празни

 

Премиерот му понуди помош на лидерот на ДУИ во време кога внатрешни превирања сериозно ја тресат неговата коалиција. Мицкоски на вчерашниот настан кој го организираше Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Ахмети дека е време да се помири со фактот дека е опозиција и да почне да ја чисти партијата од криминалците.

Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија – истакна Мицкоски.

Тој упати порака и до останатата опозиција заедно да се надминат поделбите и наместо дополнително да се дели народот, да се обединат преку дебата за идеи и проекти.

– Не може сѐ што ќе направиме да не чини. Надминиете го тоа, суетата и потребата сѐ да се критикува по секоја цена. Еве, за почеток, поддржете ги мерките за младите, понатаму предложете и вие ваши мерки. Ако постои можност, ви ветувам дека ќе ги прифатиме-  истакна Мицкоски.

Од парламентарната опозиција ДУИ досега покажуваше најмногу координирана опозициска активност организирајќи серија настани и обидувајќи се своите позиции да ги држи високо во медиумите. Но, последните случувања во Европскиот фронт и најавата на Тачи дека се заминува како и можноста да го следат уште неколку пратеници сериозно ја става под знак прашалник улогата која ДУИ сака да си ја препише како единствен легитимен претставник на граѓаните етнички Албанци.
Во македонскиот блок СДСМ се уште е во нок даун по изборите. Социјалдемократите речи си и да немаат никакви активности, а нивниот лидер пред медиумите се појавува поретко од еднаш неделно.

 

 

07.10.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега