28-годишник од Албанија со дрво нападнал тетовец во Струга

28-годишник од Корча е приведен во Струга откако претходно прво со раце, а потоа и со дрвен предмет нападнал 61-годишник од тетовско Мала Речица.

-Вчера во 03 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, приведен е Г.С.(28) од Корча, Република Албанија, кој претходно, на истата улица физички, а потоа и со дрвен предмет, го нападнал М.Р.(61) од  тетовското село Мала Речица. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

 

05.10.2024 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега