Зголемен е бројот на сиромашни лица во Црна Гора
Во Црна Гора стапката на сиромаштија за минатата година изнесува 11,3 отсто, односно околу 70.000 жители имале на располагање месечно помалку од 182,43 евра, колку што во таа година изнесувала линијата на сиромаштија, соопштено е од Заводот за статистика Монстат.
Како што сптои во податоците на Монстат, стапката на сиромаштија во Црна Гора во минатата година значително се зголемила, бидејќи во 2001 година изнесувала 9,3 отсто, а во 2010 година била речиси двојно помала - 6,6 отсто.
- Расположливите индикатори за движењето на просечната заработка и потрошувачка во 2012 година покажуваат дека зголемувањето на стапката на сиромаштија е очекуван резултат на таквите економски движења, соопшти Монстат.
Се наведува дека во 2012 година сиромаштијата е зголемена во урбаните, а намалена во руралните области
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа