(ВИДЕО) Левица: Каменоломот на Нефи Усеини предизвикува еколошка катастрофа во охридско
Деновиве жителите од село Климештани (Охридско) алармираат за сериозните проблеми кои ги причинува каменоломот во ова село, кој е во владение на познатиот локален шериф од ДУИ, Нефи УСЕИНИ, соопшти Левица.
„Неконтролираната прашина што ја создава каменоломот не само што го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето, туку и директно влијае на квалитетот на земјоделските расади, од коишто зависи голем дел од животната егзистенција на мештаните.
Дополнително, уништувањето на селскиот пат од тешките камиони е уште еден проблем за локалното население. Иако компанијата има преземено обврска да го одржува патот, очигледно дека договорот не се почитува.
Револтот на жителите од с. Климештани расте и истите не ја исклучуваат можноста за ПРОТЕСТИ и блокади. Левица алармира надлежните институции веднаш да излезат на терен и да констатираат дали компанијата на Нефи Усеини врши експлоатација во согласност со законските параметри.
Правото на здрава животна средина е неприкосновено и не смее да биде нарушено поради бизнис интересите на локални моќници!“, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа