Европскиот град кој ја заработи титулата најскап во светот

Швајцарија е позната по многу нешта, вклучувајќи прекрасни алпски пејзажи, зимски одморалишта, традиции за производство на часовници, чоколадо и уникатен микс на култури и јазици. Но, таа европска земја е позната и по високите трошоци за живот.

Според извештајот на онлајн базата Numbeo, Женева повторно е прогласен за најскап град во светот. При изготвувањето на тој извештај биле земени предвид трошоците за намирници, кирија, оброци во ресторан и вкупните трошоци за живот. Њујорк беше искористен како почетна точка со резултат од 100 поени.

Женева постигна 101,7, што ја прави за 1,7 отсто поскапа од Њујорк. Сепак, тоа не значи дека сите услуги во овој швајцарски град се поскапи. Всушност, Numbeo откри дека индексот на трошоците за домување во Женева е 59,6, или 40 отсто помал од оној во Њујорк. Од друга страна, намирниците се поскапени за 11,4 отсто, а во рестораните за 1,5 отсто.

Во 2021 година, потрошувачките цени во Швајцарија беа за 54 отсто повисоки од оние во Европската унија. Но, од друга страна, во истата година, според официјалните податоци, швајцарските граѓани можеле да заштедат околу 15 отсто од својот годишен приход.

Дел од она што ја прави Женева толку скапа е тоа што градот е дом на седиштата на неколку глобални организации, како што се меѓународната канцеларија на Светската здравствена организација, европското седиште на Обединетите нации и Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).

Покрај тоа што е најскапа, важно е да се нагласи дека Женева од година во година е рангирана како еден од најдобрите градови во светот за живеење. Претходно оваа година, се израмни на петтото место со Калгари во престижниот годишен глобален индекс на животна состојба на EIU, со совршени резултати во категориите здравје и образование.

Друг швајцарски град, Цирих, го зазеде второто место на скалата за трошоци на живот Numbeo, со вкупен резултат од 100,4. Цирих е познат како финансиски центар на Швајцарија и е најнаселен град во земјата, има понизок индекс на трошоци за домување од Њујорк за 46,5 отсто, но намирниците таму се поскапи.

Њујорк е на трето место, а потоа следи Сан Франциско, па Бостон како петти на листата на најскапи градови во светот.

01.10.2024 - 23:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега