Трипуновски до Николоски: Можеш само да гледаш како требаше да работиш

 

„Да беше се така убаво како што тој се фали во земјоделството, немаше земјоделските производи да завршуваат на буниште, немаше да има неисплатени субвенции, заостанати плати во АД Водостопанство и ЈП Национални шуми. Николовски да беше толку способен министер немаше земјоделците да му организираат протести“, реагира актуелниот министер за земјоделство шумарство и водостапанство, Цветан Трипуновски по вечерашното интервју на неговиот претходник во Дневникот на Сител тв.

„Македонија поради СДСМ и Николовски стана увозно зависна држава.

Николовски е синоним на безидејност, лага, криминал.

СДСМ и Николовски нека гледаат сега како во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се работи и како земјоделците се задоволни од мерките кои што се воведуваат во нивна корист, стои во реакцијата на Трипуновски.

01.10.2024 - 22:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега