Меѓу запленетите икони во Албанија 20 се од Македонија

 

Група од петмина експерти по иконографија и вработени во македонската полиција се во Тирана за идентификација на икони украдени во македонките цркви.

Се работи за најмалку 20 икони кои се украдени во Македонија.

Во акцијата „Икона“ реализирна на почетокот на октомври албанската полиција заплени 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век. Уапсини беа Ѓерѓи Тимо(51), кој ги отфрла обвинувањата и тврди дека бил колекционер и неговиот сработник Арбен Спахо(42), кои се уште се во притвор.

40 икони, Тимо продал во Италија додека на албански државјанин во Швајцарија му продал осум стари и многу вредни икони за по 10.000 евра.

24.12.2013 - 10:10
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега