Филипче: Францускиот предлог е голема победа на нашата дипломатија

 

Опозицискиот лидер Венко Филипче смета дека францускиот предлог е врвот на македонската дипломатија и дека Македонија на тоа треба да гледа како на победа

-Тој француски предлог е еден сплет на комплексни документи, во кој што влегува и преговарачката рамка, влегува и договорот за добрососедство. И тука нема ништо лошо, напротив тука има сериозна победа на нашата дипломатија, прво од билатерално прашањето со Бугарија се издигнува на дискусија со Европската Унија, изјави Филипче на деншената прес конференција критикувајќи ги владините политики во првите 100 дена.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага – дека ќе ги подобри преговарачките позиции на Северна Македонија со Европската Унија. Но, само во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски не само што не гледаме никаков напредок на тој план, напротив гледаме влошување на нашата позиција. Прво со Грција, а понатаму и со Бугарија за да дојдеме до ситуација во која е усвоена нова резолуција во бугарскиот парламент“, изјави Филипче.

01.10.2024 - 18:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега