Седум Турци завршија зад решетки - нелегално работеле во Македонија

МВР информира дека денеска, по претходно добиени оперативни информации, полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршиле контрола во правно лице во Скопје при што затекнале седум турски државјани кои незаконски работеле во државата.

Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје 1 против нив ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци.

01.10.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега