Шешељ тајно префрлен во друга болница

 

Воислав Шешељ три дена по операцијата за рак на дебелото црево е префрлен во друга болница. Семејството стравува дека Шешељ е вратен во затворската болница во која нема услови да му се подобри состојбата.

- Мојот татко сега се опоравува. Ми се јавува редовни и ми вели дека е префрлен во друга болница, вели најстариот син на Шешељ, Никола.

Српскиот Курир пренесува дека по три дена семејството на Шешељ конечно можело да го види по операцијата.

Засега не се знае во која болница е префрлен Воислав.

 

24.12.2013 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега