Спасовски: Кредитот од Унгарија е сомнителен и може да биде коруптивен
Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално, сите разговори се водени од опозиција, има сомнежи за корупција и декапарите се всушност кинески, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
-Ние ги кажавме нашите аргументи зошто сметаме дека ваквото задолжување не е добро. Беше договорено вонинституционално. Вие имате партија и лидер во опозиција кој најавува и преговара дека ќе има одредено задолжување од 1 милијарда евра. Сите разговори и договори се одвиваа вонинституционално. Тоа јасно покажува, ако работите ги правите вонинституционално не се во интерес на државата, рече Спасовски.
Второ, укажувавме и на одредбите кои стојат во делот на провизиите и трошоците кои воопшто не се дефинирани во законскиот текст и можат да бидат од до одредена сума која секако може да биде коруптивна, додава Спасовски.
-Најважно е што сите сомнежи дека тоа се во суштина пари од Кина, кои ги има земено Унгарија и понатаму се пласирани во државата. И во тој аспект, сметаме дека апсолутно ниту е добро, ниту е поволно, ниту ќе допринесе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа