Заменик министер од коалицијата Вреди глумел шериф во Тетово - полицијата му го привела возачот
Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, во моментов е пред полициската станица во Тетово каде се приведени три лица, меѓу кои и возачот на Сулејмани и внукот на возачот, јавува Инфомакс повикувајќи се на свои извори.
Според се уште неофицијалните информации, интервентна полиција запрела внук на возачот на Седат Сулејмани, за да го легитимираат, а внукот се јавил да се пожали, по што возачот на Сулејмани отишол на местото на настанот да реагира. Полицијата ги привела двајцата, заедно со уште едно лице и сите наводно се во полициска станица
Информацијата до овој момент нема официјална потврда од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа