(ВИДЕО) Вистинска драма: Пратеник гаѓаше министер со Уставот

Вистинска драма се случила денеска во собранието во Србија. Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот за локална самоуправа со Уставот.

Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута од „Еколошко востание“ ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што седеа членовите на Владата на Србија во Народното собрание, целејќи кон министерот за локална самоуправа.

Обемната книга со која Ќута го маваше министерот Мартиновиќ, меѓу другото го содржи и Уставот на Србија, па членовите на владејачката коалиција овој чин го окарактеризираа како негово кршење.

24.09.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега