Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД

Бобан Николовски, директорот на Царинската управа, во синоќешните вести на МТВ најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали значително нивото на корупција и ќе се зголеми контролата.

„За сузбивање на корупцијата преземаме конкретни мерки, во скоро време ќе се набават 60 боди камери за што е обезбедена донација од амбасадата на САД“, рече Николовски во вестите.

На сите гранични премини веќе е поставен системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички кој покрај безбедносна функција ќе делува и во насока на олеснување на трговијата преку алармирање кога одредена лента е оптоварена. 

Тој додаде дека интензивно се работи и на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ,  а најави и координирани акции во иднина со останатите институции.️

„Размената на податоци е клучна за сузбивање на криминалот, но и за креирање ефективни реформски политики при што веќе се договорени конкретни активности со УЈП, Народна банка, Бирото за јавна безбедност, Државен завод за статистика“, истакна Николовски.

22.09.2024 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега