Димовска: Собранието треба да биде поотворено кон граѓаните во процесот на евроинтеграции

 


Генералната секретарка Димовска ја истакна важноста на отвореноста и транспарентноста на Собранието во однос на евроинтеграциите пред граѓаните, за нивна поголема информираност и подобрување на перцепцијата која ја имаат за Собранието. Во однос на истото ќе се работи на поголема активност на пратениците преку Канцелариите за контакт со граѓаните во градовите. Димовска исто така посочи дека се залага за поголема вклученост на собраниската служба во проектите поврзани со евроинтеграциите и продлабочување на соработката со службите на Европскиот парламент, со цел зајакнување на институционалната меморија.

Присутните се согласија дека Собранието треба да игра клучна улога во европската интеграција на државата, обезбедувајќи усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ и поттикнувајќи транспарентни и ефективни практики на владеење.

18.09.2024 - 16:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега