Полициска акција во Куманово: Едно лице приведено, пронајдени сомнителни предмети
Вчера во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово.
При преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 265 од Кривичниот законик.
З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
18.09.2024 - 11:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа