ФОТО: Ахмети се сретна со германската амбасадорка
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, ја пречека Амбасадорката на Германија во Македонија, Госпоѓа Гудрун Штајнакер, во седиштето на партијата во Тетово. Истотака, Претседателот Ахмети се сретна и со Г. Питер Дју, Специјален Претставник на Генералниот Секретар на ООН за Западен Балкан.
Претседателот Ахмети и Германската Амбасадорка разговараа околу заклучоците од самитот на Европската Унија, но и за политичките случувања во земјава, со посебно нагласување на ЕвроАтлантските интеграции.
Лидерот Ахмети го поздраву Германскиот ангажман во спорот за името, поребно средбата на Канцеларката Меркел со посредувачот на ООН за името Г. Метју Нимиц како и изјавите на нејзините блиски соработници и Германски пратеници. Г. Ахмети истотака го честиташе изборот на новата Германска влада и изрази увервуање дека новиот Кабинет ќе помогне во успешното затварање на спорот со името со нашиот јужен сосед.
Германија останува земја поддржувач на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, но истовремено охрабрува скоро решавање на спорот со името со Грција.
За да се постигне решение, страните треба да седнат на маса и да постигнат компромис околу последниот предлог на Г. Нимиц, но тоа може да се постигне само со меѓународно посредништво.
Со Г. Дју, Претседателот Ахмети разговараше околу ситуацијата во Западен Балкан, меѓусоседските односи, потребата за меѓунационално помирување и заедничко интегрирање во НАТО и ЕУ.
Г. Ахмети ја нагласи значајната улога на ООН во решавањето на спорот со името што би придонесло кон мирот, стабилноста и сигурноста на Македонија и на регионот на Западен Балкан. Таков придонос кон регионалниот мир претставува и договорот помеѓу Приштина и Белград која што се постигна со директно посредништво на меѓународната заедница.
ФОТО: МИА
23.12.2013 - 15:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа