Србија ќе добие 187,7 милиони евра од Европската комисија
Европската комисија денеска на Србија и одобри 187,7 милиони евра од претпристапните (ИПА) фондови за спроведување на реформите на правосудството и локалната самоуправа, соопшти кабинетот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Во соопштението се оценува дека 2013 била „историска година за односите на Србија со ЕУ“, поради стапувањето во сила Договорот за стабилизација и асоцијација и одредувањето на датум за почеток на преговорите за членство на Белград во Унијата.
- Важно е сега Србија да го искористи залетот и да продолжи да ги спроведува реформите, се истакнува во соопштението и се укажа дека покрај денеска одобрената сума, ЕУ на Белград од 2001 година, па до сега, од ИПА фондовите му доделила вкупно 2,6 милијарди евра.
Најголем дел од новата транша е наменет за финансирање на реформата на правосудството, а помош ќе добијат и 34 општини во централна и јужна Србија со цел да се унапредат капацитетите на локалната самоуправа. Дел од парите Еврокомисијата ги намени и за подобрување на ефикасноста на царината и за уредување на коритото на Дунав
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа