Муцунски: Италија вети дека ќе не поддржува кон патот на ЕУ
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, средбата со својот италијански колега ја оцени како особено важна, нагласувајќи дека ова е прва посета на МНР од Европа, од неговото стапување на функцијата, што рече само ја потврдува и дополнително ја надградува 30-годишната соработката меѓу двете земји.
На средбата, Муцунски, рече дека го истакнал значењето за предвидливоста на патот кон европските интеграции, како и дека добил уверување за поддршката од Италија на нашиот пат кон ЕУ.
- Италија е, и останува еден од најголемите поддржувачи на нашите стратешки и надворешно-политички цели, особено кога станува збор за полноправното членство во ЕУ. Добив уверување од мојот колега дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина. Потенцирав дека и понатаму ние сме силно посветени на реформите, добрососедските односи и регионалната соработка, изјави Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа