Вучиќ: За поканата на Путин за БРИКС ќе одлучиме на 10 или 15 октомври

 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека за поканата од рускиот претседател, Владимир Путин, за состанокот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка), ќе донесе одлука на 10 или 15 октомври.

Вучиќ рече дека не сака ништо да одбие или прифати, зборувајќи пред новинарите за време на обиколката на работите за реконструкција на мостот на преминот Каракај на границата со Босна и Херцеговина.

„Нема сомнеж дека тоа е важен повик, како што имаме и претходно закажани важни посети“, рече Вучиќ и додаде дека не може да каже за која посета станува збор, но дека сите ќе видат дека е важна.

Тој додаде и дека е горд на „суштински независната“ политика на Србија.

„Србија е на европскиот пат, но има своја политика и нема да се откаже од традиционалните пријатели, а тука спаѓаат и Кина и Русија. Ќе се обидеме да ги зачуваме тие пријателства како залог за поинаква иднина“, додаде Вучиќ.

Самитот на БРИКС ќе се одржи од 22 до 24 октомври во рускиот град, Казан.

Повик Вучиќ да учествува на овој самит, Путин упати и на состанокот со српскиот вицепремиер Александар Вулин, кој се одржа на маргините на Источно-евроазискиот форум (ЕЕФ) во Владивосток, на 4 септември.

06.09.2024 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега