Меџити: Одлуката за јазикот може да ја доведе во прашање стабилноста на државата
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити попладнево ги повика членовите на Уставниот суд да размислат, како што рече, со трезна глава бидејќи со иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците од 2019 година можат да придонесат за дестабилизација на државата.
- Како прво, нема дилеми да се укине албанскиот јазик како службен јазик. Дилемата се отвори од пред неколку години за одредени одредби и членови од актуелниот закон. Законот за употребата на јазиците е донесен набрзина и не како што треба. Затоа денеска остава простор некој да покрене таква иницијатива. Исто така, и до Венецијанската комисија е однесен од поранешната Влада на СДСМ-ДУИ и указите од Венецијанската комисија се добиени, но не се постапило по нив. Прашањето е зошто Уставниот суд чиј состав е од блиски луѓе на ДУИ и СДСМ, зошто овој предмет кој што го има во фиока со години сега проценија дека е време да се постапи, да се донесе одлука за тоа? Ние не сакаме да навлеземе и да влијаеме врз судската власт, но сакаме да им укажеме, да ги повикаме со трезна глава да размислат бидејќи со ова можат да придонесат за дестабилизација и да пореметат процеси кои не се во интерес на државата, рече Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа