Од полноќ нови цени на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука а Регулаторна од минатата недела, бензините поевтинија за половина денар и во моментов чинат 77 денари по литар за 95 октанскиот супер и 79 за суперот од 98 октани.
Цената на дизелот не се промени и тој се уште се точи по 69,5 денари по литар.

Регулаторна ги менува цените на горивата секој понеделник и доплнително било кој ден кога за тоа ќе се создадат услови. 

02.09.2024 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега