Ѝ се заканувал по социјални мрежи: Битолчанец изнудил 400.000 денари од сограѓанка
29-годишен битолчанец вчера е приведен од битолската полиција и одреден му е притвор од 30 дена, а против него е поднесена и кривична пријава поради сомнеж дека изнудувал пари од негова сограѓанка.
Како што информира МВР, битолчанецот се сомничи дека од февруари 2023 до вчера во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49–годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400 илјади денари.
Битолчанецот бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени.
Од МВР велат дека со наредба на Основен суд Битола, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа