Насилни протести во Британија: Меѓу уапсените има и 11-годишно дете

 

Во денешната акција на британската полиција уапсени се 14 лица, меѓу кои и 11-годишно момче, осомничени за учество во неодамнешните насилни нереди.

Уапсените се на возраст од 11 до 43 години, меѓу кои и мајка и син, јави Би-Би-Си.

Полицијата досега уапсила 110 лица по масовните немири што се случија пред речиси еден месец во Хартлпул и Мидлсброу.

Во полициската акција учествувале 40 детективи кои прегледувале повеќечасовна снимка од надзорните камери и објави на социјалните мрежи.

Насилството изби на 4 август во Мидлсброу, неколку дена по сличните немири во Хартлпул.

Полицискиот службеник Марк Андерсон изјави дека за 30 години во полициската служба никогаш не видел нешто слично на немирите во Мидлсброу.

„Она што локалната заедница мораше да го издржи тој ден е целосно неприфатливо“, рече тој.

Во денешната полициска акција приведени се една жена, четворица малолетни и девет мажи поради учество во насилните нереди.

Немирите во повеќе делови на Обединетото Кралство започнаа по убиството со нож на три девојчиња во Саутпорт, за кое, како што се проширија дезинформации на социјалните мрежи, одговорен е тинејџер мигрант од муслиманско семејство.

29.08.2024 - 22:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега