МВР го фати во Скопска Чаршија: Како усепал да земе толку пари само со скалпел

 

Со скалпел ограбувал обложувалници и помали дуќани. Полицијата вчера привела разбојник во Старата Скопска Чаршија

На 17.09.2024 во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел. При преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е  јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава. - велат од МВР

18.09.2024 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега