Фероинвест продолжува со изградба на фотонапонско електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен
Нова фотонапонска електрана од 4 MW е пуштена во работа во близина на Ресен, изградена од ФЕРОИНВЕСТ за клиентот Лумос Груп од Ресен.
Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС.
Инвеститорот, ресенска фирма Лумос Груп, која инвестира во обновливи извори, е посветен на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на ФЕРО ИНВЕСТ како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години.
Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.
За своите клиенти, ФЕРОИНВЕСТ почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа