Детали за хоророт во гимназија во БиХ: Ги убил директорот, секретарката и професорка зашто го суспендирале
Директорот на училиштето, професорка и секретарката се жртвите во вооружениот напад во гимназија во Сански Мост, Босна и Херцеговина.
Нападот го извршил вработен во тоа училиште, а по крвавиот пир се обидел самиот да си пресуди.
Работникот рано изутрината упаднал во училиштето и ги убил тројцата врботени. Според очевидци, М.В. Вооружен влегол во објектот и ги застрелал директорот Нијаз Халиловиќ, професорката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ. Како можен мотив во локалните медиуми се споменуваат одредени несогласувања кои постоеле и претходно. Убиените биле членови на Комисија која го суспендирала напаѓачот.
Училиштето е опколено од силни полициски сили. Истрагата е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа