Град Скопје: Стојановски да не глуми икебана, туку да ги гласа за програмите
Град Скопје со уште едно соопштение се обрати до Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Стојановски претходно ја нападна градоначалничката Данела Арсовска дека одбива помош и дека не го работи она кое е нејзина надлежност.
„Ако Мартин Стојановски од ВМРО ДПМНЕ сака да биде од корист на скопјани, на следната седница нека гласа за програмите за работа на јавните претпријатија и нека ги заслужи 500 евра паушал кои ги добива секој месец од скопјани за да глуми икебана.
Перински да не се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираме до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници.
Градот Скопје останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје.“, стои во соопштението на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа