ВМРО-ДПМНЕ: Функцијата на Гаши е проследена со задолжителен протокол - ако нема обезбедување следува санкција
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговори на СДСМ за случајот со собранискиот спикер Африм Гаши.
Од партијата велат дека самата позиција е проследена со задолжителен протокол.
-Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција. Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, времето на самоволие завршило со смената на власта.
-Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши. Времето на самоволие заврши со смена на власта, се вели во дописот од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа