Вреди: Гаши се однесувал според прописите предвидени со закон и протокол за безбедност

 

Коалицијата Вреди реагираше на тврдењата на дека претсеадтелот на Собранието Африм Гаши бил со службено возило на свадба на Ковосо, посочувајќи дека имајќи ја предвид неговата висока позиција и важноста од одржување на стандардите за безбедност и државен протокол, „Гаши се однесува според прописите предвидени со закон и протоколот за безбедност“.

-Оваа одлука е во согласност со вообичаената практика за високи службеници, со цел да се обезбеди заштита и непречено извршување на неговите обврски. Всушност, обезбедувањето на Претседателот на Собранието е должно да го следи секое негово движење. И во случајот со посетата во Косово, која стана тема од некои опозициони настроени медиуми, нема никако нарушување на овие стандарди и тоа може да се провери од сите заинтересирани страни, наведуваат од Вреди. 

Од коалицијата наведуваат дека во отсуство на политичка агенда и стравувајќи за своето минато, некои опозициски партии се обидуваат преку искривување на вистината, да манипулираат со јавноста дека се работи за некое кршење на предвидените стандарди.

-Сепак, Претседателот е посветен на целосна и транспарентна соработка за разјаснување на сите аспекти на тој настан, но и за секоја друга тема што ја засега јавноста, посочуваат од Вреди.

19.08.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега