Стојаноски: Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш
Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството, вели на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој истакнува дека Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.
-Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити, вели Стојаноски.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.
-Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш, нагласува Стојаноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа