Арсовска до Мицкоски: Премиерот да го одреди датумот и местото, раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на маса
„Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата на Република Македонија“, напиша на социјалните мрежи, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Таа го повика премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.
„Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.
Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје“, напиша Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа