ДУИ: Пропадна планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на Рамадани во Србија

 

Демократската унија за интеграција оценува дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по налог на српската влада, а беше уапсен во Скопје.  
 
Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност, велат од ДУИ. 
 
 „Мицковски вчера потврди дека Меџити и Таравари не отвориле ни уста во владата за Блерим Рамадани велејќи дека не слушнал дека се пофалиле јавно за неговото „ослободување“. 
 
 Недостигот на легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги загрозува поранешните војници на ОВК, а Албанците ги остава сираци и понижени само заради хизмечарските фотелји. 
 
Понижувањето на Албанците е алармантно и скандалозно.
 
ВазаЛЕН-ите нѐ срамат и пред Косово и Албанија, со дипломатскиот скандал со претседателкста Османи и апсењето на Блерим Рамадани, сето тоа со директни наредби од Вучиќ и Србија“, стои во соопштението на ДУИ.
16.08.2024 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега