ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за Судскиот совет и судијата кој дозволи бегство на Рамадани

 


П
отребна е одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Потребна е одговорност и на Судскиот совет кој дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ. Тоа се истите луѓе кои го штитат криминалот на картелот кој го внесе на тие позиции.

Сега е и јаснозошто СДС не се огради од криминалот на струмичкиот судија Наќе Георгиев, кој од обичен судија стана Врховен судија и призна вина за барање на мито?

Зошто ДУИ не се огради од криминалот на Иџет Мемети член на Судскиот совет кој призна вина за барање на мито?

Сега е и јасно зошто ДУИ и СДС се против распуштањето на Судскиот совет“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

16.08.2024 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега